Целосно изгоре патничко моторно возило Пежо 406 со неготински регистарски ознаки на патот Кавадарци – Неготино, кај месноста „маренски уши“. Настанот во кавадаречката полиција е пријавен во саботата кон неделата во 01.30 часот. Пожар во возилото избувнал додека тоа било во движење. Возачот и тројцата патници навреме успеале да го напушатат опожареното возило и нема повредени, причинета е само материјална штета, потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
На гаснење на опожареното возило интервенирала ТПП Неготино, а увид извршила увидна екипа од кавадаречката полиција.
Вчера околу 15.30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Демир Капија се случила тепачка меѓу две групи илегални мигранти. Кога до нив се приближил полициски службеник групите се разбегале. При тепачката повредено е едно лице на возраст од 26 години. Според информациите оид портпаролот на СВР Велес, Анита Стојановска се рабтои за сиријски државјанин, илегален мигрант.
А.Д
Додади коментар