Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов вечерва ја побара подршката за втор мандат од граѓаните на Кавадарци. Тој пред кавадарчани говореше за неговиот придонес во дипломатијата, привлекувањето на странски инвестиции и отвореноста кон сите граѓани. Рече дека и по пет години претседател не заборавил дека доаѓал од народот. Им вети на кавадарчани дека ќе ја продоложи економската дипломатија ,подршката за привлекување на странски инвестиции и отворање нови работни места, а ќе ги подржувал и реформите за подобрување на образованието.
„И вие, кавадарчани се уверивте во тоа. „Дрекселмаер“, германската компанија од автомобилската индустрија, денес брои околу 4000 вработени. До крајот на 2014 година тој број треба да достигне до 4800 работници. Меѓу странските директни инвестиции што се започнати и е предвидено да се реализираат во 2014 година се и „Кофикаб“, производител на кабли од Тунис, директен доставувач на „Дрекселмаер“ и на Кромберг и Шуберт. Во моментот имаат неколку вработени за локалните потреби на компанијата, а во текот на 2014 година планираат да изградат фабрика во Кавадарци и да вработат до 150 работници“ рече Иванов.
Се работело и на подобрување на патната врска Градско – Прилеп и Битола преку изградбата на експресен пат од Градско преку Росоамн и Дреново. Нагласи дека еден од столбовите на неговата програма е и солидарноста.
„Мораме да се грижиме за сиромашните, старите, болните и лицата со посебни потреби. Донесен е акциски план за изградба на 19 стана за станбено необезбедени лица во Кавадарци. Се работи на опремувањена 40 стана наменети за деца без родители“ рече Иванов.
Вицепремиерот Владимир Пешевски ја побара довербата на кавадрчани за втор мандат на нивниот кандидат и упати критика до опонентите од СДСМ прозивајќи го и Пендаровски дека го рушеле имиџот на земјата пред странските инвеститори и на тој начин и нанесувале директна штета на Македонија.
„Мојата порака до нив и до кандидатот за претседател Пендаровски е: оставете ја економијата да ја водат луѓе кои знаат како се прави тоа. Оставете ја на тимот на ВМРО-ДПМНЕ, на Груевски, на Иванов“ порача Пешевски. /А.Д
Додади коментар