Индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во истиот период бележи пораст од 1.9 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 3.4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 9.5 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи пораст кај енергијата за 1.7 проценти, кај капиталните производи за 2.4 отсто, кај трајните производи за широка потрошувачка за 2.9 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.9 проценти.
Опаѓање е забележано кај интермедијарни производи, освен енергија за 3.5 проценти.
Индустриското производство во април, за споредба со април минатата година бележи пораст за 3,1 проценти.
Додади коментар