Сите 12 млади уметници кои беа дел од втората ликовна колонија „Вила Тодоров“ се задоволни од сработеното, со себе понеле убави спомени и импресии и многу инспирација за нови уметнички дела. Викендов заврши ликовната колонија, а тие веќе се спремни и ја очекуваат поканата за следното дружење.
„Прекрасно поминавме. Создадов две дела, а со себе имам инспирација за уште многу пејсажи. Колонијата помина одлично од секој аспект. Убаво бевме примени од организаторот. Ги имавме потребните материјали за работа и премногу инспирација“ ни рече Ристе Јосифов.
Задоволни од колонијата се и Ана и Мила од Скопје. Тие годинава за прв пат учестуваа на оваа ликовната колонија. Со многу инспирација го напуштија Кожуф, подготвени за следното учество доколку бидат поканети од организаторот.
На втората ликовна колонија Вила Тодоров младите уметници твореа една недела и создадоа триесетина дела кои наскоро ќе бидат претставени и пред публиката на изложба во Кавадарци.
Додади коментар