Жител на Градско пронајден починат во неговиот дом
23-01-2024 ЦРНА ХРОНИКА
На 22.01.2024 во 20.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во сопствениот дом во населба Градско – Велес бил пронајден починат М.Ј.(79).
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција - информираат од СВР Велес.
Додади коментар