Наместо со полн ранец пари, разбојник заврши зад решетки.. Вчера, доцна попладне вистинска драма се случуваше во Велес.. Маскиран разбојник вооружен со автоматска пушка околу 19 часаот и 20 минути се обиде да ограби менувачница во трговскиот центар. Влегол со фантомка на главата, а оружјето го криел во ранец.. Ги побарал парите од вработениот но тој му се нафрлил.. Во турканицата разбојникот испукал два куршуми во ѕидот.. По ова вработениот од менувачницата успеал разбојникот да го извлече надвор.. Тогаш тој испукал уште два куршуми од кои едниот завршил во автомобил од спротивната страна на улицата.. По ова маскираниот разбојник почал да бега но за кратко бил соборен.. Му се нафрлила поголема група луѓе кои биле сведоци на грабежот..
И покрај големиот број на луѓе кои биле во околината, за среќа истрелите од автоматската пушка не повредиле никој.. Разбојникот не успеал да ги одземе ниту парите од менувачницата.. Од велешката полиција се уште не го откриваат идентитетот на вооружениот крадец.. Велат дека се работи за бегалец од штипскиот затвор.
Зоран Јаневски
Додади коментар