Во превртен камион “Застава“ повреден возачот и две деца

45 годишниот Ѓ.М од струмичкото село Бањица се здобил со  тешки телесни повреди попладнево околу 18 часот во сообраќајна незгода која се случила на патот Градско – Прилеп кај Росоман.

Се превртело товарно возило „Застава“ кое го управувал Ѓ.М. Заедно со него биле и трите негови деца. Две од нив биле повредени, а едното минало без поведи.

 Ѓ.М  имал скршеница на левата потколеница и по укажанта помош во кавадаречката болница е пренесен на лекување во Скопје, додека децата биле пуштени на домашно лекување.

За помош на настраданите во превртеното камионче интервенирале и пожарникари од ТПП Кавадарци.

Од полицијата ја потврдија незгодата и информираа дека на лице место увид извшрила полициска екипа од кавадаречката полиција.

 

Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат, а се претпоставува дека влажниот коловоз поради дождот може да допринел за превртување на возилото.

A.Д



Share

Додади коментар