Во врска со актуелната состојба од настанатите пожари на територијата на општина Неготино на ден 10.07.2024 година Советот на општина Неготино ја свика 26 вонредна седница на која се донесе Решение за формирање на Штаб за заштита и спасување на општина Неготино во следниот состав:
За Командант на Штабот за заштита и спасување на општина Неготино се именува: Гордана Јованова – Советник во Советот на општина Неготино;
Заменик - командант : Фанка Мингова Јанчева – овластено лице во Дирекција за заштита и спасување на Подрачно одделение Неготино
За Началник на Штабот за заштита и спасување на општина Неготино се именува : Марија Нацева – Секретар на Општина Неготино ;
За помошници на Началникот за :
- Оперативни работи : Стојче Атанасов – командир на ТППЕ Неготино
- Заменик: Димитар Ташев – заменик командир на ТППЕ Неготино
- Хуманитарни мерки за заштита и спасување: д-р Цветанка Димова – лекар општа пракса
- Згрижување и евакуација : Марјан Грнчаров – командир на ПС ОН Неготино
Заменик: Борче Јанев – инспектор за прифат –сменоводител во ПС ОН Неготино
Технички мерки за заштита и спасување:
- Заштита и спасување од пожар : Пане Трајков – раководител на РЦУК Неготино
Заменик : Митко Ѓорѓиев – директор на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Заштита и спасување од поплави: Лазар Најдов Чолак – советник во Советот на општина Неготино
Помошен персонал
- Изврштел – администратор : Ристе Донев – Виш систем администратор во општина Неготино
Заменик : Николина Панова – раководител на одделение за правни и општи работи во општина Неготино
- извршител – записничар: Анастасија Стојанова - советник за правни работи
- извршител- курир/возач : Ристе Стојановски – доставувач во општина Неготино
- извршител – возач/курир : Јане Мелов – возач во општина Неготино
Штабот за заштита и спасување на општина Неготино на ден 10.07.2024 година ја одржа и својата прва седница на која се донесоа следните заклучоци:
- РЦУК Неготино да ги преземе сите со закон сите предвидени надлежности за постапување во случај на елементарна непогода и контакт со соодветните институции и органи на РСМ ;
- Институциите основани од општина Неготино да ги стават на располагање сите материјални и човечки ресурси за справување со настанатите пожари;
- Правните субјекти кои располагаат со соодветна механизација во рамките на можностите кои не ја попречуваат нивната дејност да ги стават на располагање своите ресурси;
- Да се достави барање до ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино за постојана екипа на Итната медицинска помош на терен ;
- Сите правни субјекти и физички лица кои во своја сопственост поседуваат соодветни резервоари за вода да обезбедат непречено црпење на вода за гаснење на пожари ;
- Да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен;
- Да се изврши активирање на резервниот состав на пожарникари на општина Неготино ;
На седницата одржана на ден 11.07.2024 година се донесоа следните заклучоци :
- Се апелира до населението во општина Неготино и тоа во селата: Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта/престојувалишта и да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот;
- Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места;
- Правните субјекти кои располагаат со соодветна механизација во рамките на можностите кои не ја попречуваат нивната дејност да ги стават на располагање своите ресурси
- Да се изврши активирање на доброволните противпожарни друшта на општина Неготино и општина Демир Капија;
- Да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен;
- Се апелира до сите граѓани кои доброволно сакаат да помогнат во справување со настаната состојба да се пријават во Општина Неготино на тел бр. 043/361-045.
Додади коментар