Надлежните субјекти за превенција и заштита од пожари на отворен простор упатуваат апел до граѓаните и правните субјекти да внимаваат при престој и извршување на работи на отворени места или при работни активности во лозови и овошни насади,шуми и други локации кои се со обрасната или необрасната шума и друга вегетација.
Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал по извршена резидба на лозови и овошни насади и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.
Секој граѓанин и правен субјект доколку ги превземе потребните мерки за превенција за заштита од пожари и не превзема дејствија со кои ќе предизвика појава и ширење на пожари на отворен простор, придонесува за заштита на природните добра, шума и останата вегетација од уништување и заштита на животната средина од загадување.
Истовремено, ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на бесплатните телефонски броеви 112 - Центар за управување со кризи, 193 - Територијална против пожарна единица Кавадарци и 192 -Полиција.
Исто така, потенцираме дека државниот инспекторат за земјоделство и државниот инспекторат за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен за превенција од пожари предизвикани од палење отпад и друг запалив материјал по извршена резидба на лозови и овошни насади, на стрништа, шуми и друга вегетација.
Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор, или пак поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции.
За намерно предизвикување на пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и затворски казни - потсетуваат надлежни субјекти за заштита од пожари на отворен простор и шумски пожари за подрачјето на општините Кавадарци и Росоман
Додади коментар