Учениците од СОУ „Киро Спанџов Брко“ ќе одржуваат пракса во Кожувчанка, потпишан меморандум за соработка

Учениците од СОУ „Киро Спанџов Брко“ ќе одржуваат пракса во Кожувчанка, потпишан меморандум за соработка

  Кожувчанка ДОО отсекогаш се грижела за доброто на младите и нивната иднина со тоа што инвестирала во нивниот развој уште од мали. Тоа го потврдува и овојпат со потпишувањето на Меморандумот за соработка за оддржување пракса на учениците од СОУ “Киро Спанџов-Брко” од Кавадарци во компанијата.

 

  Свесни за фактот дека промените во образовниот процес предизвикани од динамичниот развој на технологијата, економијата и глобалниот пазар сами по себе бараат поинаков пристап во учењето, односно фокусот на стекнување на стручни знаења, развивање практични вештини и компетенции е потребно да се премести од училиштето во компаниите, потребата од соработка помеѓу образовните институции и работодавачите се покажа како неминовна.

 

  Со заложба за обезбедување квалитетен кадар кој ќе поседува одредени компетенции и вештини за полесно адаптирање на пазарот на трудот и со задолжително воведување на феријалната пракса/практика во наставниот план на техничкото образование и наставниот план на стручното образование за занимање, Кожувчанка ДОО и СОУ “Киро Спанџов-Брко” го потпишаа овој меморандум.

 

  Соработката подразбира изведување на практична обука на учениците и учење преку работа, а формите на соработка, координација и спроведување на конкретните активности ќе се остваруваат врз основа на план и програма однапред усогласена и усвоена според потребите и можностите на двете страни.– изјавија од Компанијата Кожувчанка од Кавадарци.

 

  Посакуваме секој ученик да ја има оваа можност, а секое училиште да пронајде соработник како Кожувчанка за доброто на цело општество и иднината на младите во нашата земја.