„Пазарен ден“ во градинката „Рада Поцева“
07-11-2014 РЕГИОН

„Повелете, купете си здрава храна“ ова беше повикот од децата од големите групи во сите објекти на детската градинка „Рада Поцева“ до нивните родители, баби, дедовци  и помали другарчиња. Тие денеска беа продавачи на овошје, зеленчук и зимница подготвена од нив и нивните воспитувачки.  Сите дечиња одлично ја одиграа улогата на продавачи, но и знаат дека само со здрава храна може да има здраво детство.

Оваа активност е дел од проектите кои се реализираат во кавадаречката градинка, а главната цел е децата да се едуцираат.

 

Некој продаваше домати, некој спанаќ, марула и млад кромид. Дуњи, калинки, јаболки исто така можеа да се купат од тезгите.

 

Покрај што продаваа здрава храна, децата од градинката веќе подолг период ја конзумираат, бидејќи од неодамна се воведоа и нови правилници за исхрана.

 А.Д



Share

Додади коментар