Ќе се крпат ударните дупки, а ќе се санира и патот Кавадарци-Неготино
02-04-2015 РЕГИОН

Нов асвалтен слој ќе добие потегот од новата болница во Кавадарци до Глишиќ одобено деловите кои се најмногу општетени. Се работи за интервенција на патот Кавадарци –Неготино кој на поедини места е во катастрофална состојба и веќе подолг период реагираат возачите.

 

„Неодмна имав сотанок со директорот на Агенцијатаз а патишта. Во најкраток  временски период ќе почне реконструкцијата на патот Кавадарци-Неготино од новата болница до Глишѓиќ, односно најоштетениот дел ќе биде комплетно реконстгруиран“ рече во изјава за КТВ денеска градоначалникот на Кавадарци Александар Панов

 

Македонија пат во моментов работи на крпење на ударните дупки на улицата „Страшо Пинџур“ кај Ваташа. И општината со свои средства ќе работи на санирање на дупките на градските улици.

„Улицата Страшо Пинџур“ или најошптетениот делк од оваа улица ќе биде предмет на апликација за користење на 260 илјади евра од Светска банка,  бидејќи тој дел е во село Ваташа и со донаторски пари се надевам дека ќе успееме да го смениме целиот слој на асфалт. Со Македонија пат и заедно со нашиот изведувач „Изолација“ ќе почнеме со санирање на сите ударни дупки во градот“ рече Панов.

A.Д



Share

Додади коментар