Јанчев потврдува дека ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и за втор градоначалнички мандат
26-10-2020 РЕГИОН

Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев за канал 5 потврди дека ќе се кандидира за лидер на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Тој  децидно ги демантира гласините дека „одработува“ за СДСМ и нагласува  дека  упорно работи за својата партија,  со цел да ја види силна, моќна, но и поевропска.

 

„Да, по примерот на СДСМ, сметам дека треба да се направи сериозен избор на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа ќе значи да може секој да се кандидира на начин на внатре партиско гласање, на проевропски непосредни избори. За жал, партијата бележи само политички порази, и тој факт не ме остава рамнодушен, па затоа и предложив неколку деловни потези кои би можеле финансиски пред се да ја стабилизираат партијата.“ вели Јанчев за канал5.

 

Тој потврдува дека ќе се кандидира за втор градоначалнички мандат.



Share

Додади коментар