Чудо пред Велигден: Кокошка снесе црвено јајце
05-04-2016 РЕГИОН

Јајце со црвена боја е снесено во живинарската фарма „Лаки“ во селото Паликура. Сопственикот на фармата, Савка Милкова вели дека ова несекојдневно јајце е забележано од страна на вработените при проверката и сортирањето на јајцата во живинарската фарма.

„Вакво нешто  во 19 годишното работење на фармата не се случило. Користиме иста храна “рече Милкова.

 

Отец Трајче Грозданов од црквата Свети Димитрија во Кавадарци вели дека досега се случувале вакви чуда, да на јајце се појави ликот на Исус Христос, но не е запаметено кокошка да снесе црвено јајце.

„ Некогаш се случуваат и чуда за да можеме самите да поверуваме воп силата божја. Пред самиот голем –празник Велигден се случи едно чудо, божја промисла. Во црквата беше донесено црвено јајце снесено од кокошка. Овој несекојдневен чин го најавува го големиот празник Велигден“ вели Грозданов.

А.Д



Share

Додади коментар