ФОТО: Младиот планинар Ване Бошев со ново достигнување
15-08-2016 РЕГИОН

Доста млад, а полн со желба и енергија,  Ване Бошев од Неготино продолжува да бележи одлични планинарски резултати. Од 5 до 11 овој месец,  Бошев искачуваше три врвови во Австрија и Германија. Тој успеа да се искачи до Гросвендигерското гнездо на 3500 метри надморска височина, а врвот Гросвендигер, која беше негова цел  е со вкупна височина од 3666. Ова искачување за Ване е најдобро лично достигнување.

 

Во агендата на овој млад планинар втор беше Алшпиц. Поради мошне добрите временски услови оваа цел ја достигна без проблем, информираат од тимот на Бошев. Временските прилики не биле на негов сојузник на искачувањето на третиот планиран врв Цук шпиц. На 2700 метри надморска височина фатило силно невреме, поради што водачот на Бошев, Зоран Павловиќ и младиот планинар решиле да се откажат и да се вратат во базата .

 

„Во базата имаше стотина планинари во два дена кои чекаа да се искачат на Цук шпиц. Плановите ги реализираа само тројца планинари, што говори за силното невреме. Но, сепак кога ќе се земат во предвид годините на Ване, сепак е огромен успех за него, но и за Р.Македонија. Пред него е блескава кариера“ вели таткото на Ване, Орданчо Бошев, од кого младиот планинар ја црпи љубовта кон планинарењето.

Нареден во агендата на Ване е врвот „Орле’.

 

Aнгел Данов

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар