Фени до законскиот рок ќе ги имплементира сите еколошки стандарди
04-12-2013 РЕГИОН

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдулаќим Адеми и заменик министеро за животна средина Стево Темелковски денеска беа во посета на комбинатот за производство на феро никел  со цел лично да се уверат до каде е стигната компанијата во исполнувањето на обврските од апликацијата за А интегрирана еколошка дозвола. Адеми во изјавата за медиумите нагласи дека „Фени“ имплементирал 17 од вкупно 19 обврски.

„Бевме  информирани  дека  до крајот на март,  почетокот  на април ќе се ипмлементираат  уште двете останати обврски. Тие се меѓу најбитните за нас. Тоа се филтри кои ќе ги зафатат гасовите од електро печките. Благодарност до раковосството на Фени и за инвестициите и за општествената одговорност што ја покажуваат.  Од ова место сакам да ги охрабрам и менаџерските тимови на другите фабрики да инвестираат во исполнување на еколошките стандарди, бидејќи тоа не е инвестиција што не се враќа, не е инвестиција што се фрла. Тоа е инвестиција за иднината и за здравјето на населението.“ рече Адеми и не верува дека по крајниот рок, 1 април владата ќе направи пролонгирање на рокот за исполнување на еколошките стандарди, бидејќи компаниите имале доволно време од цели 8 години да се усогласат со оперативните планови.

Само за екологија  доесга„Фени индустри“ инвестирал 12 милиони евра, а до исполнувањето и на преостанатите две обврски еколошката инвестиција ќе ја заокружел со 15 милиони евра.

„ Сметаме дека сме единствена компанија со толку голема инвестиција само во екологија. Не правиме отстапки во интерес на екологијата. Се работи за една чиста индустрија.  Од ископ на руда па се до финалниот производ. Се работи за механички процес. Со користење на високи температури со топење се екстрахира металот, што е сосема безбедно,  како за работниците,  така и за граѓаните во нашата потесна и поширока средина“ рече генералниот директор на „Фени“ Константинос Даскалакис.

На средбата во „Фени“ беше нагласено дека и покрај економските потешкотии со кои се соочува металската индустрија  на глобално ниво, компанијата била целосно насочена да ги исполни обврските од ИСКЗ дозволата во предвидениот рок.

Ангел Данов



Share

Додади коментар