Учениците од „Ѓорче Петров“ приредија македонска вечер во Словенија
12-12-2013 РЕГИОН

Она што за време на престојот во Грм Ново место Р.Словенија го стекнаа учениците од СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци добија можност да го презентираат и пред окото на словенската јавност.Имено тие изготвија презентација во која ги сумираат резултатите од реализираниот проект за учество во практичната настава како и она што го видоа во слободното време шетајќи низ значајните места на Словенија, и истата ја прикажаа пред родителите на тамошните ученици, учениците и членовите на советот на родители.

 

За време на престојот во Словенија учениците од СОЗШУ Ѓорче Петров беа примени и во канцеларијата на Атешето на Р.Македонија во Словенија, а она што можеби остави најголем впечаток за нашите ученици таму беше и македонската вечер која им ја организираа на своите домаќаини во знак на благодарност за убавиот пречек и несебично дадената стручна обука. Ѓорчепетровци подготвија шведска маса со македонски прозиводи. Ја презентираа македонската храна и фолклорот. Во детали ја наполнија македонската трпеза со познатите и вкусни традиционални јадења меѓу кои неизбежно е секако македонското вино.

 

Она што е посебно важно е тоа што на трпезата се најдоа и производите кој се специјалност на училиштето, особено вината, ракијата и неколкуте вкуса на ликер.Преку поезијата на познатите македонски автори, рециталот на Тга за југ, песната и македонското оро Словенија го долови одблизу македонскиот фолклор и традиција. Ова е големо искуство за нас велат учениците кој беа дел од делагацијата за стручна обука во Словенија. Покрај дополнителната практична вежба што имавме можност да ја усовршиме, стекнавме многу пријателства со учениците кој се надеваме  долго ќе останат наши пријатели, зборуваат за ктв учениците од СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци.

М.М



Share

Додади коментар