УХМР: Од ноќеска дожд и силен ветер

Денес во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер (над 70 км/час) од јужен правец, особено во источните делови.

 

Попладнево и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјава.

 

Во текот на ноќта и утре врнежите на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).



Share

Додади коментар