Тројца нови ковид позитивни во Кавадарци
27-08-2020 РЕГИОН

Нови тројца позитивни се дијагностицирани денеска во Кавадарци, покажува статистиката на Центарот за јавно здравје.

 

„Се работи за лица на 45, 48 и 63 годишна возраст. Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Се работи на утврдување на нивните контакти.

 

Во периодот од 07.00 часот на ден 26.08.2020 година до 07.00 часот на ден 27.08.2020 година на подрачјето на СВР Велес констатирани се 33 прекршок по член 6 став 1 од уредбата за носење на лична заштита во врска со пандемијата од ковид 19 и тоа:

 

-11 прекршоци во Велес

- 15 прекршоци во Кавадарци

- 7 прекршоци во Неготино

 

А.Д



Share

Додади коментар