ТРЕТ НОЌЕН КАВАДАРЕЧКИ ПОЛУМАРАТОН
19-06-2021 РЕГИОН

Во организација на Меридијан Атлетик Еко клуб и Локалната самоуправа Кавадарци синоќа се одржа Третиот Кавадаречки Ноќен Полумаратон. Овој настан покажа дека вакви и слични манифестации му се потребни на градот и треба што почесто да се одржуваат. Настанот помина во беспрекорна организација на највисоко можно ниво. Трката стартуваше во 20.00 часот, се одвиваше во Централното градско подрачје а се трчаше на три дистанци на 5, 10 и 21 км. и учествуваа околу 350 тркачи од земјата и странство. Настанот и учесниците ги поздрави лично градоначалникот Митко Јанчев. Организаторите за најдобрите обезбедија и соодветни награди.

5 км. мажи


1. Атанас Епов
2. Мики Попоски
3. Григоријан Никовски


5 км. жени
1. Николина Милевска Вељановска
2. Ана Шикоска
3. Славица Игнатовска


10 км мажи
1. Трајче Илиевски
2. Јован Костовски
3. Стојче Петровски


10 км. жени
1. Марина Домазетовска
2. Талија Петреска
3. Ивана Настовска


полумаратон мажи
1. Игор Јакимовски
2. Атанас Наумов
3. Игор Стојановски


полумаратон жени
1. Маја Рајчина
2. Марија Пеликон
3. Јасмина Каркински


возраст од 40-49 год мажи
1. Игор Јакимовски
2. Игор Стојановски
3. Христифор Пеовски


возраст 40-49 год. жени
1. Марија Пеликон
2. Јасмина Каркински
3. Славка Дамјанска


возраст над 50 год. мажи
1. Влатко Гроздановски
2. Благоја Ацковски
3. Трајче Михов


возраст над 50 год. жени
1. Валентина Узунова

М.В.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар