Средба на актуелниот со секретарите на општината во минатото
27-07-2016 РЕГИОН

Секретарите на општина Кавадарци од минатото и актуелниот секретар на општината, Ќире Делов,  денеска на заедничка средба разменуваа искуства за работењето, градењето и напредокот  на општината во минатото и сега.

 

Средбата е иницирана од актуелниот секретар, а по повод дваесет годишнината од одржувањето на првите повеќе партиски локални избори и 25 годишнината од независноста на државата.

-          Во изминатиот период во своето работење покажавме многу пати дека длабоко ја цениме традицијата и историјата на Кавадарци. Во годината 2016,  кога навршуваме 25 години од независна, суверена и самостојна  Македонија,  со пиетет се сеќаваме на генерациите пред нас кои со своето работење придонесоа,  како за изградбата на о. Кавадарци во независна и суверена Република Македонија, така и на оние кои што ја водеа општина Кавадарци во периодот по втората светска војна се до осмосептемврискиот референдум во 1991 година. Во тој дух како секретар на о Кавадарци ја иницирав оваа средба со сите поранешни секретари на општина Кавадарци или називот кој го носеле во тој период,  секретари на совет, секретари на претседателство, со цел да им изразам благодарност за сето она што тие го сработиле во нивните мандати и раковoдењето со општинската aдминистрација. Несомнено станува збор за луѓе кои нескриено допринеле за поставување на темелите на локалната администрација и нејзиното работење кое е исклучиво во интерес на нашите сограѓани. Вo оваа прилика сакам да им искажам почит и на сите оние наши претходници кои не се меѓу живите, а кои ја воделе и граделе општина Кавадарци. Јавно им благодарам на сите што ја прифатија поканата за ова неформална средба – рече секретарот на општина Кавадарци, Ќире Делов.

 

А.Д



Share

Додади коментар