Сообраќајната полиција ќе ги засилува контролите околу училиштата.. Со почетокот на новата школска година, пред овие објекти е зголемена фрекфенцијата на пешаци.. Првенствено, сообраќајците ќе помагаат на првачињата кои ги минуваат печашките премини.. Од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај велат дека засилените контроли освен што ќе ја зголемат безбедноста на пешаците, ќе го олеснат и одвивањето на сообраќајот..
Досегашните анализи на полицијата покажале дека возачите се придржуваат до сообраќајните правила кога се движат пред училиштата и градинките.. Ги пропуштаат пешаците а возат и со намалена брзина..
Зголеменото присуство на сообраќајци на фрекфентните пешачки премини пред училиштата е редовна пракса.. Надлежните утврдиле дека така значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот..
Инаку и оваа школска година ќе се организираат предавања за најмладите.. Полицијата ќе ги учи првооделенците на основните сообраќајни правила и како безбедно да ги минуваат улиците..
Зоран Јаневски
Додади коментар