Сончев колектор ќе се поставува на спортската сала во Велес
18-02-2014 РЕГИОН

Спортската сала „Гемиџии“ ќе штеди електрична енергија.. Санитарната вода наместо со струја, во иднина ќе се загрева со искористување на сончевата енергија.. Салата ќе добие сончев колектор..

 

Проектот за инсталирање на сончев систем се реализира во соработка со здружението на граѓани велес фест, приватниот сектор и локалната самоуправа.. Денеска е потпишан договорот за соработка.. Поставувањето на колекторот ќе чини 20 илјади американски долари..

 

Со свои средства учествува и локалната самоуправа.. Од општинскиот буџет ќе се одвојат околу 5 илјади долари.. Градоначалникот славчо чадиев вели дека инсталирањето на сончевиот систем за добивање топла вода, значително ќе ги подобри условите за работа на спортската сала..

 

Инаку сончевиот колектор нема да работи како посебен систем.. Во иднина е предвидено поврзување со топловодниот систем за парно греење.. Може да се користи и за производство на електрична енергија..

 

Најголем дел од парите за реализација на проектот се обезбебедении преку глобалниот еколошки фонд, програмата геф и ју ен ди пи..  

Зоран Јаневски

 



Share

Додади коментар