Силно невреме синоќа во Сирково, наврнале околу 120 литри/м2 дожд
02-08-2014 РЕГИОН

Силно невреме синоќа предизвика огромни штети во село Сирково. Жителите велат за час и половина дождот направи пустош во селото каков одамна не се памети. Нивните проценки велат наврнати се околу 120 литри на метар квадратен.

Околу 90 минути синоќа жителите на Сирково се бореле со силното невреме кое го зафатило селото. Немаше ниту град, ниту ветер, но паѓаше силен дожд каков одамна не паметиме ни рекоа денес мештаните. Небото над селото беше страшно, а вакво невреме не се памети.Не знаевме како да се справиме со невремето и едноставно се оставивме во божји раце.Нашите проценки што најчесто се точни говорат за наврнати 120 литри на метар квадратен дожд, велат жители на Сирково.

 

Направена е огромна штета во селото, а проценките допрва ќе се прават потврдува за КТВ и градоначалникот на општина Росоман, Стојанче Лазов. - “Во моментот сум на терен и првично ја анализирам штетата, но тука станува збор за голема катастрофа што значи допрва ќе се работи на терен“ ни рече Лазов утринава во телефонски разговор. Според него силниот дожд кој во Сирково синоќа паѓал без престан околу час и половина предизвикал наноси и до метар и половина, оштетен бил и локалниот пат во селото, а голема штета претрпела и канализационата мрежа.

 

Мештаните утринава излегоа и низ земјоделските површини да ја видат состојбата и таму, а она што ние како локална самоуправа ќе го сториме уште утре е сумирање на целата ситуација и првична проценка за штетите.Со формираната општиснка комисија ќе излеземе на терен, а потоа со резултатот од штетата ќе бараме и помош од Владата, ни рече градоначалникот Лазов. На терен утре со комисијата и градоначалникот излегува и екипа на ктв па целата слика од невремето во Сирково ќе имате можност да ја видите во следното издание на вестите.Инаку за разлика од Сирково околните села поминале помирна ноќ.Мирно беше и во Кавадарци, но најавите на матеоролозите сеуште велат дека дожд и врнежи ќе има и за време на викендот.Спокој според нив ќе следува од понеделник со најавите за стабилизирање на времето и повисоки температури. 

Милица Младенова



Share

Додади коментар