Семафор ќе го регулира сообраќајот пред ОУ „Тоде Хаџи Тефов“’
26-02-2014 РЕГИОН

На улицата пред ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци, која е дел од регионален пат денеска се постави пешачки семафор,  кој што ќе го регулира сообраќајот на овој мошне фрекфентен пат. Од локалната самоуправа велат дека на овој начин ќе се зголеми бебзендоста во сообраќајот на децата кои одат на училиште.

„На еден од состаноците со жителите од урбаната заедница  беше посочен овој проблем. Ветив дека едно од решенијата е да се постави пешачки семафор.Тој е наменет за пешаците најмногу за децата, но ќе го регулира и сообраќајот со возилата. Семафорот е донација од „Електро Софт“ комапнија што ги одржува сите семафори во градот. Ова ќе биде на некој начин почеток на ваквиот начин на регулирање на сообраќајот. Сметам дека ове е вистинскиот начин за безбедноста на нашите деца“ рече градоначалникот Александар Панов.

Тој нагласи дека овој семафор во ќе биде целосно во функција во време кога е голем одмор за учениците, кога има  и најголема  фрекфенција. Во оснаатиот дел од денот и кога учениците се на на  распуст ќе има тастерр со кој ќе вклучува црвено светло за возачите,  само доколку некој сака да ја премине улицата на пешачки премин.

Панов апелираше до учениците, но и до возачите да ја почитуваат сигнализацијата и сите заедно да дадат придонес за поголема сообраќајна безбедност. Очекува дека сообраќајната култура кај кавадарчани ќе биде на ниво, каква што ја покажуваат кога се во западно европските земји.

 „Сега правиме на некој начин студија, да видиме како ќе функционира ова во пракса, доколку се покаже како ефикасно средство за регулирање на безбедноста, пред се на пешаците, наш план е вакви семафори да поставиме и пред сите училишта во општината“ рече Панов.



Share

Додади коментар