Се реконструира „Спомен костурница“ во Неготино
26-07-2019 РЕГИОН

Во тек се градежни активности за комплетно уредување на меморијалниот простор „Спомен-костурница“ во Неготино, при што досега е извршено расчистување и одбележување на теренот, а изведени се и над 80 отсто од предвидените земјени работи.

 

Целта на реализацијата на овој проект е преку реставрација на оваа јавна површина, овој простор да стане место каде што дел од слободно време во одмор, релаксација,забава и рекреација ќе можат да го поминуваат граѓаните на неготинска општина од сите генерации. За таа цел, ќе се иврши реконструкција на постоечките и изведување на нови скали, изградба на трим и пешачки патеки, летна сцена, фиксни клупи за седење, фонтана, а ќе се обезбеди и паркинг-простор.

 

Целиот простор на меморијалниот простор „Спомен-костурница“ ќе биде осветлен и ќе се изврши негово хортикултурно уредување. Средствата за спроведувањето на проектот „Валоризација на културно наследство преку доуредување на Спомен костурницата во општина Неготино“  се обезбедени од Буџетот на општина Неготино и Бирото за  регионален развој  при Министерството за локална самоуправа ,  а се спроведуваат преку  Центарот за развој на Вардарскиот плански регион - информираат од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

 



Share

Додади коментар