Се гради нов тротоар до населбата Превалец
24-07-2014 РЕГИОН

Поголема безбедност за пешаците кои се движат по кривините кон наслебата превалец во велес.. локалната самоуправа почна да го гради тротоарот од десната страна на патот. Долг е 650 метри, а широк еден и пол метар.

 

„Реалиацијата на овој значаен проект е дел од мојата

  изборна програма и од програмата за работа на општината за 2014 година, во однос на уредувањето на градежно земјиште. Со тоа на граѓаните кои живеат во овој дел од градот конечно ќе им се овозможи безбедно одвивање на пешачкиот сообраќај помеѓу двете населби. Во наредниот период ќе го зајакнеме и осветлувањето во овој дел од градот. И во наредниот период ќе продолжиме континуирано да работиме на подобрување на условите за живот на сите граѓани на Велес.“ – истакна градоначалникот Чадиев.

изградбата на тротоатор не го намалуваат просторот за сообраќај на возилата, велат локалните власти.. тој се гради надвор од коловозот.. од општината велат дека во следниот период е предвидено целосна реконструкција на овој дел од патот кон населбата превалец..

 

Според градоначалникот Чадиев, се прават напори да се изгради тротоар и кон реката бабуна.. сепак реализацијата на овој проект е во неизвеснот поради конфигурацијата на теренот. На повеќе места е невозможно да се обезбеди простор за изградба на тротоар, вели чадиев..

 

Изградбата на тротоарот до населбата превалец е дел од програмата а уредување на градежно земјиште.. за оваа намена општината ќе потроши 30 илјади евра.

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар