СДСМ: Пензискиот систем е стабилен, од денеска предвремена исплата на пензиите за месец април

И овој месец, над 320.000 пензионери пред време ќе ги добијат своите пензии.

Од денеска започнува исплатата на пензиите за месец април, а за да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи.



Пензионерите кои користат платежна  картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат веќе од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа. 



За пензионерите кои не користат картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

 

- за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;

- за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април;

- за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и

- за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.



И во услови на здравствено-економска криза од глобални размери,  исплатата на априлската пензија ќе почне една недела пред први мај. Тоа покажува дека пензискиот систем е стабилен, а пензиите на над 320.000 наши сограѓани се сигурни.

 

 



Одговорните политики што ги презедовме обезбедија намалување на дефицитот и стабилизација на пензискиот фонд и истовремен раст на пензиите.

 

За потсетување, преку одговорните политики, на почетокот на годинава успеавме пензиите да ги зголемиме за 700 денари и сега просечната пензија изнесува 15.500 денари што е зголемување за над 1.700 денари за само две и пол години.



Нема да дозволиме пензиите да бидат загрозени, ниту да им се одзема на пензионерите преку префрлање на средствата од вториот пензиски фонд, како што предлагаше неодговорната ВМРО-ДПМНЕ.



Share

Додади коментар