СВР Велес: Нема прекршување на забраната за движење
15-05-2020 РЕГИОН

Во текот на изминатото деноноќие,14/15.05.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес нема лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.  

 

Во овој период има девет нови регистрирани лица со Решенија за изолација, сите се во Велес, а со Изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со Решение во изолација има 128 лице, од кои 123 во Велес, пет во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 36 лица, од кои 25 во Велес, шест во Кавадарци и пет во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.

 



Share

Додади коментар