Рекордни 73 нови позитивни во Тиквешијата - еден починат
05-12-2020 РЕГИОН

Најголем број на позитивни на корона вирус за 24 часа се евидентираат во статистиката на ЦЈЗ Кавадарци за изминатото деноноќие. Во Тиквешијата има 73 нови позитивни, од нив 49 се во Кавадарци, 20 во Неготино по двајца во Росоман и Демир Капија. 

 

„Новите позитивни се на возраст од 12 до 75 години. Меѓу нив има и двајца здравствени работници од Кавадарци. Едно лице од Неготино на 66 годишна возраст почина“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во текот на вчерашниот ден се евидентираат 15 оздравени пациенти во  Кавадарци и 11 во Неготино.

 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Кавадарци изнесува 1409,  а активни се 559. Во Неготино активни се 347 од вкупно 668.
 
На ковид одделот во болницата во Кавадарци се хоспитализирани вкупно 46 пациенти од кои 7 во изминатите 24 часа. Слободни се 16 болнички кревети.
 
А.Д


Share

Додади коментар