Пукање во новиот центар на Кавадарци

Денеска во 12.55 часот во полициска станица Кавадарци пријавено е дека на улица „Илинденска пред угостителски објект, непознато лице од засега непознато возило испукало неколку пати со оружје, највројатно сигнален пиштол во воздух, по што се оддалечил со возилото.

 

„На посочената локација увидна екипа од полициска станица Кавадарци работеше на расветлување на настанот“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

 

Граѓаните се револтитирани од овој инцидент и прашуваат кои се мотивите за пукотници среде бел ден на локација која е мошне фрекфентна, како со пешаци, така и со возила.

 

А.Д



Share

Додади коментар