Привршува реконструкцијата на улица „Перо Видев“ во Ваташа
13-12-2018 РЕГИОН

 

Привршуваат градежните работи на тампонирањето на дел од улицата „Перо Видев“ во Ваташа која минува на северната страна од гробиштатa - информираат од прес службата на општина Кавадарци.


Овој проект опфаќа санирање на дел од улицата која потоа продолжува во земјан полски пат во должина од 300 метри, а започнува од влезот на селските гробишта и продолжува кон лозовите насади на Ваташки рид.

 


Општината го реализира овој нов проект од комуналната изградба на барање на месната заедница од село Ваташа.



Share

Додади коментар