Привршува изградбата на катниот паркинг во Кавадарци
24-07-2014 РЕГИОН

Проблемот кој го има Кавадарци со паркирањето наскоро ќе биде ублажен, ветуваат од локалната самоуправа. Пред почетокот на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ осумдесетина  возила ќе можат да се паркираат во новиот модуларен паркинг.

„Кавадаречкиот модуларен паркинг е втор од ваков тип во Македонија, по оној во Општина Центар во Скопје. Ќе биде на две нивоа со површина од 1.100 м2 со можност за изградба на уште еден кат. Паркингот е во строгото градско подрачје, над паркот кај полицијата. Ќе можат да се паркираат 80-сетина возила. Инвестицијата е наша, кавадаречка, сите средства се од Буџетот на Општина Кавадарци, и чини 30 милиони денари“ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов. Тој го посети паркингот за да се согледа како се одвиваат активностите за доизградба. Нагласи дека иако се доцни со неговата изградба, сепак градот ќе добие современо место за паркирање. Според Панов овој модуларен паркинг во исто време е најава и за платено паркирање во Кавадарци.

Монтажните работи ги изведува  компанијата „Масон Инжинеринг“ од Скопје. Работниците на оваа компанија деновиве забрзано ги монтираат  елементите на реномираниот производител од Болоња, Италија.

 А.Д



Share

Додади коментар