Претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир изведена на Стоби
24-07-2014 КУЛТУРА

 Прекрасно доживување и вистински празник на љубителите на театарот  му пружија синоќа актерите од „Театар комедија“ со изведбата на претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Пројковски во рамките на третата вечер од фестивалот на античка драма „Стоби“.

 

Во претставата „Многу врева за ништо“ се зборува за љубовта, за љубовните бури на младите луѓе во борбата да се пронајдат и да се случи вистинската љубов. Овој текст на Шекспир вусшност е еден од најбогатите дела во однос на колоритот на ликови и ситуации. Текстот изобилува со комични ситуации што ги развиваат  ликовите на благородниците од Месина. Претставата се занимава со со упорноста и отпорноста на љубовта, низ какви се пречки мора да помине и да ги преброди, со борбата меѓу половите но и класите. Синоќа можевме да го гледаме речиси комплетниотансамбл на „Театар комедија“: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Жарко Димовски, Крсте Јовановски, Илија Илиоски, Роберт Ристов, Едмонд Сотир, Ердоан Максут и прекрасните четири грации Драгана Левенска, Зорица Нушева, Ева Скендеровска и Нина Деан.

 

Покрај врвната актерска игра она што останува на врвот е уште една потврда за одличната режија на Дејан Пројковски кој успева да раскаже приказна за еден патувачки театар и да проговори за сонот и јавето. Во одредени моменти ги гледавме актерите како ликови на Шекспир а во други како обични луѓе кои во гримниорната која беше дел од сцената  ја носат тежината на своите  животни приказни некои четири века подоцна како музичари од рок групи .

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар