Претпладне сонце, попладне услови за дожд и грмежи

Денеска  ќе биде претежно сончево и топло со благ пад на температурите. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од 14°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 34°C. УВ индекс 8.

Во среда ќе биде претежно сончево, топло и ветровито, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе биде во западните, југозападните и источните предели. Постои можност за локални врнежи од град. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури 12°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 29°C. УВ индекс 7.

Во четврток ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд во северозападните, западните и крајните источни предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 31°C. УВ индекс 7.

Во Македонија во петок претпладне ќе биде сончево и топло, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе биде во западните, северозападните, југозападните и во источните предели. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 32°C. УВ индекс 8.

http://weather4all.com.mk/



Share

Додади коментар