Премиера на претставата „Крал Иби“
18-05-2015 КУЛТУРА

Борбата за власт, алчноста за богатство и односот на владетелите кон народот - ова го прикажува претставата крал иби.. Велешкиот театар, премиерно ја одигра синоќа.. Режисерот Андреј Цветановски смета дека актерската игра и реакцијата на публиката ги исполниле неговите очекувања.

Главниот лик во претставата го игра Зоран Љутков. Вели дека крал иби е неугледен човек кој без никаков интелектуален капацитет стигнува до тронот. Неговата желба за богатење ги преминува сите граници, па ваквиот однос предизвикува гнев кај народот..

Во претставата настапува речиси целиот театарски ансанбл. Гостуваат и актери од театарот комедија. Едносгласни се дека подготовките биле лесни а крајниот производ е одлична претстава.

Во претствата крал иби, за прв на сцената во велешкиот театар настапи и нововработената актерка од средната генерација Драган Босниќ.

Претставата изобилува со светлосни и звучни ефекти. Ги покажува и техничките можности на сцената.

Инаку во претсавата наместо македонскиот литературен јазик се говори дијалект од Демир Хисар.

Претставата крал иби има авторска музика. Ја напиша пејачот Димитар Андоновски.. Сценограф е Валентин Светозарев а костимите се на Александра Крнинова - Груев.

З.Ј

 

 



Share

Додади коментар