Потпишан договорот за зонско паркирање - општината очекува околу 70 илјади евра годишно
01-08-2017 РЕГИОН

 Mнозинството во кавадаречкиот совет на претпоследната седница му даде овластување на градоначалникот Александар Панов да го потпише договорот за јавно приватно партнерство кој се однесува на регулирање на паркирањето во градот.

 

Панов во интервјуто за „Кав`даречки весник“ информира дека договорот веќе е потпишан и дека општината очекува годишно да инкасира околу 70 илјади евра во буџетот.

 

„Во тек е постапка во надлежниот сектор за сообраќај во СВР Велес за верификација на проектот кој стручно го изработи фирма од Битола искусна во овој сегмент. Во моментов имаме мали проблеми кои се однесуваат на тоа дали на улицата „Илинденска“ треба да биде дозволено зонско паркирање. Во случај да се оддолжи решението на оваа дилема со концесионерот договорив почнување на реализацијата на зонското паркирање на улиците кои не се спорни, а се дел од студијата за зонско паркирање, вклучително и постојните паркинзи во ценатарот на градот како и модуларниот паркинг. Џентлменски со концесионерот се договоривме во првата недела од почетокот на јавното зонско паркирање, прекршителите да не се казнуваат туку да добиваат опомени со цел граѓаните да се обидат да ги променат навиките. Со овој пристап треба да се допре до граѓаните, пред се возачите дека во Кавадарци конечно има ред во паркирањето кое треба да се плати. Концесионерот со оглед на обврската од договорот веќе уплати 30.000 евра, а Општината во првите месеци од функционирањето на овој проект очекува месечно две до три иљади евра на име надоместок. Ова не се занемарувачки пари кои ние секако дека ќе ги искористиме наменски за реализација на други проекти. По овој основ годишно очекуваме 60 до 70 иљади евар, кои години наназад сме ги губеле во буџетот како резултат на нерегулирањето на наплатено зонско паркирање“ вели Панов.



Share

Додади коментар