Поголем број на првачиња во Кавадарци и Неготино

Училиштата во Кавадарци и Неготино со стартот на новата учебна година можат да се пофалат со зголемен број на првооделенци споредено со минатите години. Во Кавадарци бројот е поголем за 44, а во Неготино 21.

 

Годинава во прво одделение запишани се 392 ученици, минатата година 348, а во учебната 2012/13, 327. Градоначалниците на двете општини денеска им посакаа успешен старт на учениците, а посебно на првооделенците. Тие се задоиволни што зголемениот број на првооделенци говори за зголемување на наталитетот.

 

„Нешто што навистина ме охрабри и е позитивно во Кавадарци  тоа е бројката на првачињата. Споредено со минатите години, можам со радост да констатирам дека Кавадарци бележи пораст од над 10 отсто споредено со лани. Тоа говори дека наталитетот во овие места каде имаше  негативен природен прираст  конечно се движи и тоа со добра прогресија. На нас останува само да обезбедиуваме добри услови за нашите ученици“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

А.Д



Share

Додади коментар