Питомци и офицери денеска се дружеа со штитениците на „Порака“ и им ја донираа ужината
04-07-2018 РЕГИОН
 
Лицата со посебни потреби од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ од Неготино денеска се дружеа со питомци и офицери, учесници во летниот кампус во Центарот  за обука „Пепелиште“.
Дружењето со нив беше преку спорт и креативна работилница и им донираа дел од нивната ужинка.
 
 
Во изјава за медиумите, во името на офицерите и питомците од 11 земји и два континенти кои се дел од деветиот по ред кампус, поручник Анита Среќковиќ изрази задоволство што беше дел од оваа хумана посета. -Поводот на денешната посета во име на деканот на Воената академија, директорот на кампусот и сите околу двеста учесници, е да ја покажеме и докажеме нашата целосна посветеност и хуманост, кога се во прашање лицата со посебни потреби, нагласи Среќковиќ, додавајќи дека многу им значат насмевките на овие лица. Таа потсети дека Армијата и посебно Воената академија, секогаш ќе бидат со овие лица.
 
 
 
 
 
Во името на "Порака"Неготино, благодарност до питомците и офицерите од Летниот кампус Пепелиште, изрази Валентина Тасева, раководител на Служба за организирано живеење со поддршка во заедницата.
 
 
-Ова е наша шеста средба, нашата соработка станува традиција, на заедничко задоволство. Донираната ужинка, лицата со попреченост кои се дел од “Порака”, ќе ја користат за време на летниот одмор кој за околу 28 лица го организираме во Охрид, додаде Тасева.
 



Share

Додади коментар