Општината ќе го расчистува шутот од рушевините на старата куќа на пазарот
12-06-2017 РЕГИОН

И понатаму старата куќа на градскиот зелен пазар во Кавадарци, која се распаѓа, а за која информираше КТВ е опасност за минувачите. 

 

Oд општина Кавадарци  велат дека станува збор за приватен имот сопственост на повеќе субјекти. Во неколку наврати бил доставен допис со препорака оштетувањата да се санираат, за да не дојде до рушење на објектот.

 

И покрај таквите предупредувања од општината, реакција од сопствениците до денеска немало.
„Општината ќе го крене градежниот шут од патеката, со цел да се овозможи непречено минување на граѓаните. Ваквата интервенција ќе биде наплатена од сопствениците на објектот, а локалната самоуправа ќе покрене и соодветна законска постапка“ велат од локална самоуправа Кавадарци.

A.Д



Share

Додади коментар