Општина Кавадарци објави оглас за работно ангажирање на невработени
11-08-2016 РЕГИОН

Невработените  лица од општина Кавадарци кои се на возраст  до 29 години со ниски квалификации,  евидентирани во АВРМ најмалку една година, деца без родители и родителска грижа,  самохрани родители, припадници на ромската заедница кои се  евидентирани во АВРМ најмалку шест месеци можат да се пријават на огласот за вработување по програмата за општо корисна работа.

Огласот општина Кавадарци го објави вчера, а програмата за општо корисна работа ќе се реализира врз основа на договорот што општината го има потпишано со Агенцијата за вработување и програмата за развој на Обединетите нации - УНДП

Во објавениот оглас се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да севклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Грижа за стари, изнемоштени и  лица со оштетен вид” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6   месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд,да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-  корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6  месеци  статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активноправото на користење на социјална помош.

 

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна  работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува  персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа ипрофесионално заболување.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на неговател/ка за пружење на елементарна помош и грижа за старите, изнемоштените,инвалидизираните и лицата со оштетен вид која опфаќа, набавка идостава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба, набавка идостава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби, плаќање  на месечните сметки за струја, телефон, вода и слично, заедничко дружење сокорисниците на проектот.

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-  корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар завработување Кавадарци до 19 август годинава.

 

A.Д



Share

Додади коментар