ООУ „Тошо Велков Пепето“ го одбележа патрониот празник

Вработените и учениците во ООУ „Тошо Велков Пепето“ денеска го одбележаа патрониот празник. На спомен бистата на патронот цвеќе положија директорот на училиштето, претседателот на советот на општина Кавадарци, делегации од локалната самоуправа и пратеничката Даниела Колева. 

Ученици говореа за животот и делото на Тошо Велков.

 

По повод патрониот празник беше распишан литературен конкурс на тема „Наставата воспитува и образува“. Првата награда и беше доделена на ученичката Кристина Цветкова, второ наградена е Моника Чоклева, а трето место освои Ристе Камчев.

 

На ликовниот конкурс на тема „природата – живот, убавина, инспирација“  наградени се творбите на  Бојан Минчев, Николина Бачева и Сања Серафимова.

 

Синдикалната организација  додели јубилејни награди за 10 години работа во училиштето на Трајанка Костова, Надица Јосифова, Васка Трендафилова и Маја Василева.

 

Беа доделени и награди за првенци на генерацијата. Стефанија Серафимова со освоени 195 бода, Менче Талева со 265 и Нина Деневска со 278 бодови. Пофалени се ученичките Сара Јованова и Јована Секуловска.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар