Околу 200 луѓе добиле стручна помош од Центарот за лекување на депресија
12-05-2015 РЕГИОН

16 години има најмладиот пациент кој побарал помош во велешкиот центар за лекување депресија. Центарот работи веќе неколку месеци а до сега во него стручна помош им е понудена на околу 200 луѓе.. Најголем дел од нив се пациенти кои претходно веќе се лекувале на невропсихијатриското одделение..

Тим од тројца лекари работата во центарот за лекување депресија. Тој функционира во здравствениот дом секоја среда.. Докторите велат дека депресијата може да го погоди секој.. Стресот но и многу други состојби се причина за појавата на депресија..

По разговорот со пациентот, тимот лекари проценува дали е потребно понатамошно лекување.. Најпрвин средбите се само консултативни.. Дел од пациентите се интересирале само дали е потребно да се прима терапија за состојбата во која се

Според податоците на здравствените власти, секоја година се продаваат огромни количини антидепресиви.. Според бројот се проценува дека секој втор зема вакви таблети.. И покрај ова, лекарите од центарот за лекување депресија велат дека нема епидемија од депресија во државата.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар