Од утре попладне долгоочекуваното заладување

Од утре во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока.

 

Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови.

 

Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.



Share

Додади коментар