Од утре над 40 степени, во недела дожд и заладување
28-06-2017 РЕГИОН

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот.

 

 Од утре до сабота вдолж Повардарието максималната температура ќе надмине 40 степени. Утре ќе дува засилен југозападен ветер.

 

Во недела поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи и со засилен северен ветер ќе започне значително опаѓање на температурата.



Share

Додади коментар