Од билтенот на МВР: Кавадарчанец нападнат во казино, напад и на полициски службеник
20-07-2021 РЕГИОН

Синоќа во 00.40 часот во ОВР Кавадарци, Х.В.(32) од Кавадарци пријавил дека во казино во Кавадарци бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Еден час подоцна, на улицата „7ми септември“ во Кавадарци полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.В.(32) затоа што физички нападнал полициски службеник,  кој извршувал службeни дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 Вчера во  ОВР Кавадарци, В.Т.(68) пријавила дека била нападната од куче сопственост на нејзин сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 Во период 19/20.07.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се шест лица, од кои пет во Велес и едно во Неготино и против нив се поднесени соодветни поднесоци.

 



Share

Додади коментар