Обнова на документите за детски, посебен и родителски додаток
20-01-2014 РЕГИОН

Најкасно до крајот на март корисниците на детски, посебен и родителски додаток за трето или четврто дете имаат обврска да поднесат барања за продолжување на овие права од детската заштита. Од Центарот за социјални работи Кавадарци ги повикуваат корисниците да ги подигнат изготвените форумулари, да ги потполнат и навреме достават како не би се соочиле со проблеми во понатамошното остварување на правата.

„ Со потполнетото барање корисниците на детски додаток треба да достават на увид и лична карта и потврда за приходи од работен однос или потврда за друг вид на приходи. Само лична карта за увид треба да достават корисниците на посебен додаток, а за родителски додаток потребно е покрај лична карта да се достави  и доказ за примени вакцини“ рекоа од Центарот за социјални работи.

Останатите документи кои се потребни за остварување на овие права од детската заштита ги обезбдедува Центарот за социјални работи.



Share

Додади коментар