Нови пет лица позитивни на корона вирус во Кавадарци
26-07-2020 РЕГИОН

Ширењето на ковид 19 во Кавадарци продолжува. Денеска се дијагностицирани пет нови случаи. Позитивни се тројца мажи на 26 , 55  и 64 години и две жени на возраст од 23 и 45 години.

 

„Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Станува збор за лица кои биле во контакт со претходно позитивни и беа во изолација. Работиме на утврдување на дополнителни контакти“ рече за КТВ епидемиологот, д-р Ристе Јовановски.

 

А,Д



Share

Додади коментар