Нов центар доби селото Војшанци
08-11-2013 РЕГИОН

Комплетно реконструиран,уреден и асфалтиран центар доби селото Војшанци. Истиот во употреба го пуштија градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на месната заедница Благоја Пановски.

Апостолов посочи дека е задоволен од реализацијата на овој проект со чие спроведување во значителна мерка се подобрени условите за живот на месното население.

 -Извршено е асфалтирање на површина од 1.800 м2 ,асфалтирани се 5 подолги и пократки улици во селото со должина од 300 метри, поставени се бетонски рабници на улиците од 600 метри, а на постоечките тротоари поставени се бехатон плочки на површина од 850 м2,потенцира Апостолов.

Инаку на иницијатива на локалните жители, извршена е и комплетна санација и оспособување на постоечкиот бунар во селото кој сега е во функција на жителите.

Претседателот на месната заедница Пановски, рече дека се надева оти и во иднина во соработка со локалната самоуправа во Војшанци ќе се реализираат и други проекти од големо значење на жители на селото.



Share

Додади коментар