Нов случај на корона вирус во Кавадарци
29-06-2020 РЕГИОН

Денеска е дијагностициран уште еден нов случај на корона вирус во Кавадарци,  потврдија од Центарот за јавно здравје.

 

„Станува збор за жена на 50 годишна возраст. Нема симптоми и е на домашно лекување. Работиме на утврдување на нејзините контакти“ рече за КТВ епидемиологот д-р Ристе Јовановски. 

 

Дознаваме дека жената е вработена во „Дрекслмајер“ Кавадарци, но веќе десет дена не одела на работа. Се сомневала дека е инфицирана од нејзиниот сопруг кој бил возач. 

 

Во Кавадарци ова е девети активен случај на вирусот, а дијагностицирани се вкупно 15 лица од почетокот на епидемијата.

 

А.Д



Share

Додади коментар